Вандали уништиле неколку канделабри, на две локации во Штип. Градоначалникот Сашко Николов на социјалните мрежи објави фотографии од пешачката патека на реката Брегалница, којашто штипјани ја користат за рекреација. На фотографиите се гледа дека електричните столбови се искршени или навалени.

Згрозен сум од сликите кои ги затекнав попладнево по пешачката патека. Кому и зошто му пречеа канделабрите за да се откорнуваат и кршат. Заедно со граѓаните и полицијата да ги пронајдеме сторителите и да се дисциплинираат соодветно.Срамно и безобразно е во 21 век да се однесуваме нецивилизирано, вели Николов.

Директорот на ЈП „Стипион“ Сашко Протогеров вели дека секоја година непознати сторители уништуваат електрични столбови и урбана опрема. Дел од средствата кои се наменети за нови проекти, мора да се пренаменат за санирање на штетите од вакви вандалски чинови.


Администратор
22/02/2021 12:21