Ако им се регулирани сите претходни обврски, општините годинава ќе можат остварените заштеди од лани да ги искористат за капитални инвестиции, наместо да ги враќаат во Буџетот.
Ова е предвидено со петтиот антикризен пакет, а се работи за сума од 1,9 милијарди денари.
-Предвидовме пренамена на средства од блок-дотациите кои општините ги имаат заштедено или неискористено во 2020 година. Ќе им се даде законска можност, наместо да ги враќаат во Буџетот, за да се зајакнат, да ги искористат за конкретни капитални инвестиции, истакна премиерот Зоран Заев кој денеска во Владата ги образложи детално мерките од петтиот сет.
Заштедите, рече Заев, се по различни основи, од греење, превоз на ученици,…
-Сега правиме интервенција преку Парламентот. Овие заштедени пари на Градот Скопје и на општините ќе им дадеме можност, ако им се регулирани сите претходни обврски, ќе можат парите да ги употребат за капитални инвестиции. Тоа ќе даде работа повеќе на домашните компании, ќе значи решавање конкретни проблеми на граѓаните, но и ќе го поддржи економскиот раст и развој. Проценката е дека се движи меѓу 10 милиони евра и една милијарда денари или 16 милиони евра. Тоа се сериозни пари кои ќе бидат дополнителна помош и поддршка на општините, рече Заев.