Припадници на безбедносните служби на Министерството за внатрешни работи од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, спроведоа превентивна акција за безбедно возење на подрачјето на општина Крива Паланка.

-Службеници од ОВР Крива Паланка реализираа делење едукативни флаери и заштитни маски на возачите кои беа запирани и им беше упатена порака за поголема безбедност во сообраќајот без алкохол. За таа цел им беше извршена демонстрација со симулација на возачите со помош на очила што за момент прават впечаток на алкохолизиран возач, укажувајќи им на опасноста да се управува со моторно возило во алкохолизирана состојба, посочуваат од ОВР Крива Паланка.

Акцијата беше спроведена во текот на вчерашниот ден, а поради студеното време и врнежите од снег, екипите на МВР учествуваа и во заедничка превентивно – хумана акција со екипа на Црвениот Крст, чистејќи снежни наноси и расчистувајќи неколку пристапи до домовите на изнемоштени граѓани.