Стабилна е состојбата на 70 годишната пациентка од Штип, која е заразена со британскиот сој на коронавирусот. Началничката на Ковид центарот во Штип, Дијана Шишкова за МИА вели дека жената која кај нив е примена пред седум дена е и единствениот пациент, кај која е утврден британскиот сој.
-Стабилна е здравствената состојба, нема влошување и пациентката ја прима терапијата. Во Ковид центарот денеска се лекуваат 34 пациенти, од кои 20 се на кислородна поддршка, вели Шишкова.
Во Штип досега кај две жени е откриено дека се заразени со мутираниот вирус.Нови случаи за викендов не се регистрирани.
Шишкова потенцира дека деновиве болничките кревети ги полнат пациенти од Виница, Делчево и Пробиштип. Станува збор за пациенти на возраст меѓу 60 до 70 години, а имаат и еден пациент на 38 годишна возраст. На интензивна нега се двајца пациенти.вдј/са/