Во зимски улови, ефикасно се снаоѓа Пробиштип. Улиците низ централното градско подрачје, кои се прв и втор приоритет постојано се чистат од страна на екипите на Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ и од економскиот оператор „Брег транс“.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов за МИА исткна дека досега низ улиците се фрлени 25 м/3 ризла, шест тони сол, а на терен се работи со пет машини.
Екипте на ЈКП „Никола Карев“ веќе имаат исчистено и поголем дел од тротоарните површни низ централното градско подрачје.Тротоарите се чистат со две рачни машини за чистење на снег.