Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струмица-Валандово е укината од 13.45 часот, соопштуваат од Македонија пат.

Забраната беше воведена поради голомразица.

Поради врнежи од снег и ниски температури забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.