Спроведените контроли на сообраќајната полиција на патиштата во општините Дебар и Центар Жупа потврдиле дека возачите главно го почитувале правото на претекнување и обиколување.

-Во периодот од 12:00 до 18:00 часот, на подрачјето на Одделенето за внатрешни работи од Дебар се реализираа засилени акциски контроли во сообраќајот кон возачи кои вршат неправилно и непрописно престигнување и обиколување. Притоа, полициските службеници констатираа два случаи на непрописно престигнување. На возачите, поради сторен прекршок издадени им се прекршочни платни налози, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секоторт за внатрешни работи од Охрид.

Оценува дека споредено со останатите општини во регионот кои ги покрива СВР-Охрид, дебарските возачи биле најпринципиелни.

Тој исто така информираше и околу сосотјбата со почитувањето на мерката за носење заштитна маска.

-Според статистичките податоци во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР-Дебар, полициските службеници констатирале само еден прекршок за неносење лична заштита на лицето за што е издаден е прекршочен платен налог,рече Димоски.

Во исто време, додава, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат, на ова подрачје, извршиле 11 контроли во угостителски и други објекти.