Јавното комунално претпријатие „Нискоградба” утрово ги исчисти сообраќајниците од прв и втор приоритет. Чистењето на снегот од коловозите продолжува, потврди Методи Силјановски, директор на ЈКП „Нискоградба”-Битола.

Нашите мобилни екипи не дозволија задржување на снег на коловозите кои на осојничавите места дополнително ги обезбедивме за сообраќај фрлајќи песок и ризла. Сообраќајниците од прв и втор приорите се исчистени, механизација има во градот и селата. Апелираме, посочи Силјановски возачите да продолжат да соработуваат, односно прописно да паркираат и да ги отстранат автомобилите од коловозот бидејќи го попречуваат чистењето на снегот.

Локалниот комунален сервис „Нискоградба” е надлежно јавно претпријатие за реализација на општинската програма за улици и патишта во зимски услови.