Во Кавадарци денеска беше отворена изложба на слики од ликовниот уметник Владимир Темков, насловена ,,Големи и мали”.
Тој рече дека сликите тематски ги отсликуваат бојата на небото и водата во Тиквеш.
-Во фокусот се водите во Тиквешијата. Во ова време невреме, во услови на пандемија од вирусот Ковид-19, кога времето како да застана, се создадоа временски услови за потсетување на индивидуалното творештво. ,,Големи и мали” е насловена изложбата на овие слики, прикаска од нашето детство, кога на маалската улица се делевме на големи и мали. Сакам да покажам дека и сликите со мал формат се подеднакво важни во моето творештво, како и оние големите. Големината на моето творештво, е и во малиот формат, нагласи Темков.
На изложбата, тој се претставува со слики со различни димензии.