Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска ќе учествува на консултативен состанок со претставници на компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во Тетово.
Состанокот е дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“, чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање одредени профили и паралелки во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година.
-Со унапредување на стручното образование ќе може да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар, но и да се овозможи поголема вработливост на младите, наведуваат од владината прес-служба.