Дипломираниот правник Бурим Каба е новиот директор на Јавното комунално претпрјатие „Стандрад“ во Дебар, избран врз основа на конкурс. Каба во изминатата година беше секретар на Советот на општината, а десет години работел и во Подрачната единица на Министерството за правда во Дебар.
-Пред мене е една голема одговорност, ако се знаат сосотојбите во овој сектор. Максимално ќе се ангажирам заедно со вработените во претпријатето, со подршка на локалната влсат и заедно со граѓаните успешно да ги реализираме поставените обврски и задачи, рече Каба на денешнта средба во кабинетот на градоначалникот Хекуран Дука.
Дука му посака успешна плодна работа во интерес на градот и неговите жители и вети целосна подршка и потребна помош од локаланата власт, како основач на претпрјатието.
На средбата присуствуваше и досегашниот директор Мазлум Леши, кој од неодамна е во пензија. Тој 14 години раководеше со претпрјатието, а е член и на Управниот одбор на АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги).
Претпријатието има осумдесеттина вработени, стопанисува со водоводот Росоки-Дебар а под негова надлежност е и комуналната хигена.