За оваа ловна сезона на крупен дивеч нашето друштво имаше зацртано отстрел над 100 диви свињи.

Покрај планираниот отстрел на диви свињи, над 100, ловџиите од Кичево зимава отстрелаа и 10 волци, со што придонесоа да се намалат нападите врз добитокот кои им правеа големи штети на сточарите, пред се на одгледувачите на матичните стада овци.

–За оваа ловна сезона на крупен дивеч нашето друштво имаше зацртано отстрел над 100 диви свињи, а поради се поголемите штети што ги прават врз добитокот, планиравме да отстреламе и повеќе волци, со што ќе ги намалиме штетите кај сточарите. Потикнати од овие сознанија зимава отстрелавме 10 волци и се надеваме дека им помогнавме на сточарите со помалку штети да ја поминат годината, вели претседателот на ловечкото друштво „Елен" од Кичево, Слободан Петрески.

Петрески е презадоволен и од здраствената состојба на дивите свињи во регионот.

– Добро е познато дека и кај дивите свињи се прошири болеста африканска чума, затоа нашето ловечко друштво од секој отстрелан примерок испраќаше мостри во Ветеринарниот завод во Скопје, за да се провери здраствената состојба на животното. За среќа, кај ниеден примерок не беше откриена оваа болест, додава Петрески.