Амбасадата на Руската федерација и Општина Битола пригодно и со мерки за заштита од Ковид-19, го одбележаа 10 февруари – Ден на руската дипломатија.
Според востановената традиција, одбележувањето се одржа пред споменикот Руски Крст во Битола каде цвеќе положија амбасадорот на Руската федерадија во земјава Сергеј Баздникин, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Почесниот руски конзулат во Битола, Здружението за македонско-руско пријателство и други организации и институции.
Споменикот Руски Крст во Битола е подигнат во градскиот парк, во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, дипломат врз кого пред 118 години бил извршен атентат во овој град.