Домашни кори, мед, трпезно грозје, бадеми, зелка, сушено јапонско јаболко, праз веќе се понудени на продажба на интернет платформата ,,kupuvajlokalno.mk,, што ја разви Фондацијата за локален развој од Гевгелија во рамки на проектот „Избери здраво-купувај локално“.

–Проектот имаше за цел да овозможи услови за зголемување на приходите на малите фармери и привлекување нови фармери преку воведување иновации во земјоделството и руралниот развој, така што со ставањето во функција на интернет платформата малите производители се поттикнати да ги објават и онлајн да ги продаваат своите производи, велат од Фондацијата.

На интернет платформата може да се најдат многу понудени производи и преку неа заинтересираните купувачи одреден артикл можат да го купат без посредство, директно од производителот.

Покрај ова, во рамки на проектот е изработена и студија со препораки и можни решенија за постигнување одржливост на воспоставениот систем за снабдување со храна на територијата на ЛАГ Бојмија