Делчево ќе биде домаќин на филмскиот фестивал за лансирање кратки филмови „Култ Шортс“. Како што информира Димитар Јангеловски, кој е дел од организацискиот тим, идејата за фестивалот потекнува од поголем број ентузијасти, меѓу кои и Андреј Илиевски, режисерот на краткиот филм „Коливо“, во кој глумеше познатата македонска актерка Лабина Митевска и кој освои голем број награди на реномирани фестивали ширум светот.
– Ова е иницијатива што ја покренавме заедно со моите најмили пријатели и колеги Андреј Илиевски, Невелин Валчев и Елена Героска. Чувствувавме дека кратките филмови, во кои режисерите вложуваат толку многу љубов и напорна работа, заслужуваат повеќе од една сезона на фестивалски проекции, тие заслужуваат да имаат дом, во кој луѓето од целиот свет ќе можат да уживаат, да споделуваат, коментираат, но и да научат за нивните автори, истакна Јангеловски.
Како дел од реализација на идејата за фестивалот, како што додаде Јангеловски, изготвена е веб-платформа, на која е објавен трејлер за првиот филм „Брак“, кој ќе биде дел од фестивалот.
- Организаторите очекуваат голем интерес за фестивалот, а воедно на публиката и порачаа да ја посети веб-платформата Култ Шортс (Cult Shorts), на која ќе се запознаат со повеќе детали за сите актиности поврзани со фестивалот.
Организаторите очекуваат голем интерес за фестивалот, а воедно на публиката и порачаа да ја посети веб-платформата Култ Шортс (Cult Shorts), на која ќе се запознаат со повеќе детали за сите актиности поврзани со фестивалот.