Врз основа на одлука донесена на одржано Собрание на Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, Претседателот на здружението МАНЕВ СТОЈАН од Струмица, на ден 04.02.2021 година ја донесува следната:

ОБЈАВА – За спроведување на постапка за јавно наддавање

Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, заради исполнување на целите и програмите на здружението како и со примена на начелата на фер, законитост и транспарентност, спроведува постапки пред сите заинтересирани лица и пред пошироката јавност во Република Македонија за набавка со јавно наддавање, која ќе се одржи на ден 13.02.2021 година во 19:30 часот.

Со спроведување на наведената постапка ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема како и за изведување на градежно и градежно=занаетчиски работи во ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица во врска со штетата предизвикана од пожарот кој се случи во ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица на ден 02.01.2021 година.

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат интерес за учество на јавниот повик да достават писмено барање на email на здружението: globalobnova@yahoo.com за запознавање со условите и заради добивање на сета потребна документација за учество на јавното наддавање, или да го контактираат Претседателот на здружението Стојан Манев: 075/283-103.

Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица