Во велешката болница вкупно 30 пациенти се хоспитализирани поради коронавирусот, од нив 22 се потврдени позитивни, пет сомнителни и тројца пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение има 25 пациенти, а на Интерно Б крак пет лица.

Портпаролот д-р Елеонора Јованова информира дека осум од пациентите се на кислородна поддршка.

-Има мало покачување на бројот на пациенти во изминатите неколку дена, така завчера нивниот број бил 24 пациенти, рече д-р Јованова. Ова е последица на пораст на новозаболени од Ковид изминативе денови во Велес и велешко, а според Центарот за јавно здравје во изминатото деноноќие има 19 новозаразени и 11 оздравени.