Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза има за цел да го освои трофејот на Грен слемот Австралија опен.

Таа веќе има победено на Ролан Гарос и на Вимблдон.

– Секако дека мојата цел е да дојдам до трофеи на сите од четирите најголеми светски турнири. Кога ќе го направите првиот чекор и освоите еден Грен слем, сакате уште еден, па сите четири. Секако, ова е една од моите цели, изјави Мугуруза по победата во осминафиналето над Русинката Анастасија Павличенкова.

Во четвртфиналето на Австралија опен, Мугуруза ќе се сретне со втората носителка Софија Кенин од САД.