Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев најави иновативен метод за да се продолжи векот на асфалтот на улиците и патиштата во општината, со употреба на пластичен асфалт на одделни места.

Тој рече дека Општината постојано се стреми кон унапредување и усовршување на уредувањето улици и патишта.

-Тоа истовремено значи штедење на ресурси и зголемена безбедност, истакна денеска Јанчев во изјава за медиумите, појаснувајќи дека најекономично и најевтино е ако тоа го реализира јавното претпријатие „Комуналец”.

Пред новинарите се обрати и претставник на германската компанија со која се договара набавка на материјал.