Здружението за промоција на грозје, производи од грозје и туризам „Винотек” од Кавадарци, организира натпревар за најдобри вина и ракии произведени во домашни услови.

-Мострите ќе можат да се донесат во кавадаречкиот Вински музеј до 10 февруари. Потоа тие ќе бидат дегустирани и оценувани од стручни лица енолози, а претседател на оценувачката комисија е универзитетскиот професор Михаил Петков, појасни за МИА Панче Арсовски, секретар во ,,Винотек”. Наградите за најдобрите индивидуални производители на вина и ракии ќе бидат доделени на 14 февруари, на верскиот празник ,,Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите.