Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 ги засили своите редови пред продолжението на настапите во Лигата на шампиони и СЕХА лигата со капитенот на репрезентацијата на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ.

Црногорскиот лев бек (32) доаѓа од редовите на францускиот прволигаш Истр и во следните 18 месеци ќе биде член на тимот на Вардар 1961.

Шеваљевиќ веќе утре ќе пристигне во Скопје и ќе се приклучи на тренинзите на тимот.

– Црногорецот нема да биде во составот за средбата со Војводина што се игра утре попладне во 17:45 часот, но ќе конкурира кај тренерот Стевче Алушовски за мечот против Нексе на 1 февруари во Скопје, соопшти вечерва македонскиот ракометен првак.


Администратор
27/01/2021 23:32