Конечно, добивме одговор дека некој некаде погрешил во процедурата за избор и испраќање на нашиот највисок воен претставник во НАТО, коментира членот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

- Во духот на “транспарентоста и отчетноста” пред јавноста, на Шекеринска и’ требаа цели 11 денови и постојан притисок за да се одважи и да меѓу редови каже дека сепак погрешила.

После 11 дена молк и игнорирање од страна на Министерот за одбрана, денеска слушнавме дека овојпат нема да брзала со избор на ново лице - кандидат, туку ќе почекала додека не завршат сите процедури за сите кандидати што барале НАТО безбедносни сертификати, па од нив ќе бирала кој ќе замине во НАТО.

Со самото тоа се потврдува нашата теза дека првичното номинирање и избор на кандидатот било грешка и истото се должи на непрофесионалност и на политизација на процесот, односно на субјективизам при одлучувањето.

Е сега, останува да се понесе одговорност за јавната бламажа на Македонија на меѓународна сцена и да се утврди зошто, кој и каде погрешил.

Секако, Министерот за одбрана е таа која мора да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка како што тоа би било случај во било која држава од цивилизираниот, односно демократскиот свет, вели на социјалните мрежи Ковачки.


Администратор
27/01/2021 23:12