Оливер Спасовски е неспособен министер кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и одбива да постапува по барањата на граѓаните.

Случајот со „Јавна соба“ што се појави минатата година беше решен за само два дена и групата беше затворена под водство на МВР на техничкиот министер Наќе Чулев, заштитувајќи ги сите жртви.

Сега Оливер Спасовски според тврдењата на граѓаните и жртвите, одбива да им помогне на граѓаните. Неколку дена граѓаните пријавувале лична злоупотреба во МВР, а МВР ги одбивале и не постапуваат.

Срамно е и безобразно да нема никаква грижа и обврска кон граѓаните од кои зема плата.

Неспособноста на Оливер Спасовски е опасност за граѓаните на Република Македонија.