Министерот за одбрана да престане да се крие позади неаргументирани партиски соопштенија кои немаат никаква тежина, туку се сведуваат на деградирање на личноста на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нападите на личност не се одлика на демократија, туку се синоним за едноумието во кое е едуцирана и во кое живее вашата недопирлива елита.

Драган Ковачки е прва генерација на македонски офицери и е вонредно унапреден за одбраната на Македонија во 2001 година. Ковачки е дел од првиот контингент кој беше на мисија во Ирак во 2003 година.

Би требало да искажете почит, а не да плукате.

Министерот за одбрана останува должен да и соопшти на македонската јавност: Кој и каде погрешил во процедурата за избор на кандидатот за највисок воен претставник? Како се чувствува кога знае дека свесно им подметнала несоодветен кандидат на претседателот Пендаровски и на НАТО?

Радмила Шекеринска, поздравете ја улогата на нашите граѓани кои служат во униформа и учете демократија од нив.

Одважете се и одговорете зошто немаме 3 години воен претставник во НАТО?

Нема да успеете да ја загушите слободата на говорот и слободата на мислата на нашите членови и правото на информирање на македонската јавност. Одговорност и оставка веднаш!