Жално и тажно е кога министерката Мила Царовска прави спектакл за поставување на паравани за заштита кои чинат повеќе од пола милион денари, а низ државата има училишта каде нема елементарни услови за учење.
Дали и како се мониторира целиот наставен процес кој од самиот почеток има безброј недостатоци?
По денешната парада, очигледно не!
Секој ден сме сведоци на упорниот и арогантен однос на министерката Царовска за спроведување некаква реформа во образовниот процес, без реална дебата и без да се прашаат учениците и родителите за нивното мислење.
Дали по финската реформа што нема врска со образованието во Финска, предвидува руинирани училишта, училници без врати, лап топ „кој како ќе се снајде“, интернет конекција од соседот и слично?
На крај, слушнете ги барем пораките што ви ги упатија учениците каде бараат конечно да се слушне нивниот глас, бидејќи МОН е овде токму за таа цел.
Очигледно дека Царовска, освен паради зачинети со плех музика, друго и не знае или не може.
Убаво ви кажаа студентите кога не го одбележавте ни Меѓународниот ден на образованието, инвестирајте во опрема на факултетите, за да нѐ задржите.
Македонските граѓани веќе не ви веруваат на секојдневните лаги и манипулации.
Ефтиниот ПР оставете го за дома, засукајте ги ракавите, време е да им помогнеме на идните генерации на оваа држава!