Не е точно дека 70 проценти од учениците го бојкотираат наставниот процес, туку само дел од нив. Државната матура е изборна, а нашата обврска како Министерство е да го обезбедиме правото на полагање на матура, посебо на оние ученици кои сакаат да го продолжат своето образование во високо образовни установи во нашата држава и надвор од неа, истакна денеска министерката за образование Мила Царовска на промовирањето на проектот за поставување на заштитни паравани во основните училишта во Општина Чаир.

– Од првиот ден сме во континуирана соработка и разговори со Сојузот на средношколци. Тие имаат различни размислувања и барања. Последен пат имавме состанок минатата недела, кадешто утврдивме дека матурата оваа година се одвива согласно законот. Средното образование е задолжително во државата и токму затоа е важно да го почитуваме правото на учениците кои сакаат да полагаат матура. Утрово имав состанок со сите директори на средните училишта, нема бојкот на 70 проценти, туку само на дел од учениците. Важно е дека нашата обврска како Министерство за образование и наука и на општините, е да го обезбедиме правото на учениците кои то сакаат да полагаат матура, истакна Царовска.

Таа нагласи дела учениците кои што не сакаат да полгаат државна матура имаат можност согласно Концепцијата за матура, да полагаат училишна матура, токму таму има два предмети и проектна задача или оние кои се во стручни училишта имаат можност да полагаат стручен испит.

– Државната матура е изборна, а нашата обврска како Министерство е да го обезбедиме правото на полагање на матура, посебо на оние ученици кои што сакаат да го продолжат своето образование во високо образовни установи во нашата држава и надвор од неа, потенцира Министерката.

Царовска на учениците им посочи да ги прочитаат концепцијата за матура и законот и да одлучат на кој начин ќе полагаат матура оваа година.

Таа додаде дека минатата година бевме негативен исклучок во регионот и во светот со неполагањето матура, поради што наши ученици не успеале да се запишат на високорангирани универзитети во светот затоа што немале положен матурски испит.


Администратор
25/01/2021 17:42