Општина Куманово објави јавен оглас за прибирање понуди од заинтересирани економски оператори за изградба на водоводна мрежа на улицата „Киро Фетак” во Куманово.

Според објавата, операторите треба да достават општи податоци, кои детално се утврдени во јавниот оглас, меѓу нив и документ за регистрирана дејност, потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран – лиценца за Б за изведување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски.

Проценетата вредност на извршување на градежните активности е 3 15.500 денари без вклучен данок на додадена вредност.

Операторите ќе имаат обврска за 12 месеци да ги извршат градежните активности на улицата во Куманово. Заинтересираните компании ќе треба да ги достават понудите до 9 февруари, годинава кога и во просториите на општината е предвидено отварање.