Општина Гевгелија, од вкупно огласените девет градежни парцели пред истекот на изминатата година, продаде седум од кои шест се наменети за станбени куќи, а една за изградба на објект од лесната индустрија.
Од општината денеска посочија дека особено голем интерес имало за купување на петте градежни парцели за куќи во атрактивната станбена населба „Караорман” во Гевгелија.
-Поединечно, за секој плац понуден во оваа населба имаше јавено најмалку по 25 купувачи поради што, на електронското наддавање, од почетните 61 денар за квадрат, продажната цена достигнала од 1.000 до 3.000 денари за метар квадратен, велат од општинската надлежна служба.
Интерес кај наддавачите имало и за купување на градежната парцела во станбената населба „Касарна” која достигнала продажна цена од 1.100 денари за метар квадратен.