Времето во земјава ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 6, а дневната од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно. Попладне ќе има врнежи од дожд и ќе дува умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

И во недела претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места особено на запад ќе бидат пообилни (понекаде над 25л/24часа). На планините во западните делови ќе врне снег кој од вечерните часови ќе паѓа повремено и на повисоките места. За време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.


Администратор
23/01/2021 02:19