Со одлука на министерот за здравство, Венко Филипче, за нова директорка на струмичката болница е назначена Катерина Кузмановска.

Таа на доаѓа на функцијата на местото на досегашниот директор, Наќе Гогов, кој заминува во пензија.

Кузмановска е специјалист по педијатрија, а во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од СДСМ.