Без вода за пиење денеска од 8 до 17 часот ќе остане дел од Кавадарци, поради реконструкција на водоводна линија.

Од Јавното претпријатие „Комуналец” известија дека се врши реконструкција на водоводна линија на улицата „М.Џ.Џикот”.

Без вода ќе останат жителите на улиците „Шакалица”, „Калница”, дел од „Методија Џикот”, „Лазо Асијата”, „Ќиро Крстев”.

Од „Комуналец” ги замолија за разбирање и трпение, жителите што ќе останат без вода за пиење, додека трае реконструкцијата на водоводната линија.