Започна пријавувањето за учество на Светското првенство во змајарство кое ќе се одржи во Крушево од 18 до 31 јули. Оваа е прва меѓународна манифестација која се најавува дека налето ќе се одржи по една година одложувања поради пандемијата.

Крушево беше успешен организатор на Европското првенство во змејарство во 2018 година, а годинава ја има организацијата на Светското првенство.

Се очекуваат околу 140 учесници од репрезентации од целиот свет. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, ова е одлична вест што меѓународните првенства во змејарство и параглајдерство ќе донесат туристи.

-Ова е одлична вест и јасно е дека ова лето натпреварите во змејарство и параглајдинг се враќаат во Крушево. Ги правиме последните подготовки и очекуваме овие меѓународни натпревари да донесат уште повеќе туристи, вели Христоски.


Администратор
21/01/2021 13:51