Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, рано утрово, во атинската болница „Евангелисмос“, ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакеларопулу, првата доза ја прими на 27 декември 2020 година и заедно со Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис беа меѓу првите кои се вакцинираа во Грција.

Рано утрово, како што претходно објави МИА, втората доза ја прими и Мицотакис.


Администратор
18/01/2021 13:03