Во Делчево вечерва беше промовирана книгата „Човекот кој ме хранеше Сонце“ од роднокрајниот автор Бети Арсовска. Промоцијата ја организираше Јавната локална библиотека „Илинден“ чија директорка Биљана Петровска истакна дека книгата веќе од понеделник ќе биде на полиците на библиотеката.

-Огромно е задоволството шти роднокрајното одделение на библиотеката е збогатено за уште еден наслов. Секоја чест за авторот Бети Арсовска, која и покрај тоа што повеќе од 20 години живее во Америка, сепак пишува и го негува својот мајчин јазик. И посакуваме многу успех, многу нови наслови и уште многу промоции, истакна Петровска.

Книгата како што додаде самата авторка Бети Арсовска е нејзино прво дело.

-Книгата е збирка од 13 раскази која што претставува една животна приказна испреплетена на човечката судбина на два континенти. Заснована и напишана е според вистинско искуство со една силна порака која оставам читателите да ја откријат, додаде Арсовска.

Рецензент на „Човекот кој ме хранеше Сонце“ е Миле Ѓорѓијоски, а книгата е издадена од издавачката куќа „Орион“ од Делчево.


Администратор
17/01/2021 02:51