Струмичката болница денеска доби медицинска опрема, донација од Кувајт, која пред околу два месеци беше договорена со амбасадата на оваа држава во Бугарија.
Директорот, д-р Наќе Гогов, информираше дека донацијата се состои од ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп и гастроскоп и ехо апарат за ехо на дојка.
-Донацијата од Кувајт ќе значи олеснување на пристапот за лекување , односно рана дијагностика и третман на пациентите со болести, кои ќе бидат третирани на соодветен начин, рече Гогов.
Тој упати благодарност до нашиот амбасадор во Државата Кувајт, Абдулкадар Мемеди и до кувајтскиот амбасадор, Јакуб Алатики.