Австрискиот скијач Мануел Фелер победи попладнево на првиот од двата слаломи што во рамки на Светскиот куп викендот се на програмата во Флахау.

До својот прв триумф во кариерата Фелер стигна со 43 стотинки побрзо време од Французинот Клемент Ноел, додека трето место го освои победникот на слаломот во Аделбоден, Австриецот Марко Шварц.

Фелер со триумфот го презеде водството во поредокот во слалом со 310 бодови, додека Французинот Алекс Пинтуро остана водечки во генералниот пласман со 718 бодови.


Администратор
16/01/2021 16:34