Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави анализата Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 годинаи базата на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата.
Предмет на финансиска анализа се 30 најголеми претпријатија основани од државата и од единиците на локалната самоуправа. Станува збор за претпријатија чиишто вкупни приходи во 2019 година изнесувале 45 милијарди денари, односно 732 милиони евра.
Дел од наодите од анализата се:
30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа,за периодот 2019–2015 година, остварените вкупни приходи ги зголемиле за само 2 %.
Просечната стапка на профитабилност за анализираните 5 години изнесува скромни 6 %, а за 2019 година профитабилноста покажува извесно подобрување (6,5 %). Средствата што ги поседуваат овие претпријатија со ваков профит би ги обновиле за 38 години,а вложениот и заработен капитал би го вратиле за 32 години. Во приватниот сектор времето на поврат на вложениот капитал се позиционира вообичаено на 10 години.
Наплатата на побарувањата на анализираните компании претставува слаба алка на работењето и изнесува 253 дена за 5-те години, односно 205 дена за 2019 година.
Обврските ги плаќаат во уште подолги рокови, за 484 дена просечно, односно 365 дена за 2019 година. Вообичаено во бизнисот, компаниите што плаќаат со олку долги рокови се избегнуваат илиим се даваат значително повисоки цени од пазарните.
Вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенотна самофинансирање е во зоната на безбедност (88 % во просек за 5 години, односно 91 % за 2019година).
Анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно,покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од 4 % (за 2019 година 3 %).
Анализираните претпријатија поседуваат доволно парични средства за покривање на краткорочните обврски.
За сите претпријатија е направена и поединечна анализа.
Истражувањето е достапно на opendata.mk. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на тел: (02) 3213-513. Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија.