Здравствен работник од Росоман е меѓу новозаболените од коронавирус во Тиквешко.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Како што рече Јовановски, изминатите 24 часа во регионот е евидентиран нов 31 случај позитивен на Ковид-19. Дваесет и пет лица се од Кавадарци, по три од Неготино и од Росоман. Сите се на возраст од 13 до 70 години.