Првенецот на генерацијата на Факултетот за медицински наука при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е вработена во Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев за МИА изјави дека поранешната студентка е вработена со заложба и координација со министерот за здравство Венко Филипче.

-Успеавме заедно со министерот Филипче да најдеме начин некако да им се одолжиме и да им се заблагодариме на оние коишто постигнале успех, од друга страна сметваме дека тоа ќе биде поттик и за сите студенти на медицина – дека државата мисли на нив, учењето секогаш се исплаќа и дека треба да го следат примерот на оваа наша докторка, рече Ѓеорѓијев.

Договорот за вработување со неа е склучен денеска. Таа е прва во генерацијата по покажниот успех и знаење. Ѓеорѓијев посочи дека државата и болницата мислат на младите лекари, со новите вработувања.

Како регионална болница, рече, немаат проблеми со огласите коишто се објавуваат за вработување млади лекари, бидејќи се пријавуваат лекари не само од Штип, туку и од целиот источен регион.