Компанијата Зум, која стана популарна во светот за време на пандемијата на коронавирус, ги уверува своите корисници дека нема да има технички проблеми во текот на Божик и Нова Година.

Зум во декември 2019 година имаше десет милиони корисници, а во април 2020 таа бројка достигна 300 милиони.

Поради рестриктивните мерки во голем број земји низ светот нема да биде дозволено семејни собири во домовите за време на Божик и Нова Година, па затоа повеќето корисници на оваа апликација ќе ја искористат можноста преку видео повици да разговараат симултано со повеќе лица.

Но се поставува прашањето дали апликацијата ќе може технички да го издржи тој наплив на корисниците во Европа и САД одеднаш.

– Ковид-19 го смени нашиот стил на живот, начин на работа и прославите во 2020. Како и се, така и празниците не изгледаат веќе исто, пишува во блогот на оваа компанија.

Од компанијата Зум, со седиште во Сан Хозе, наведуваат дека нема да има никакви проблеми за оние кои ќе сакаат да се видат на далечина, да ја користат нивната апликација.

– Кој било празник да е во прашање, поврзувањето на луѓето низ светот нема да биде тешко. Функционираме на глобално ниво, имаме центри на податоци низ светот, даваме значајна контрола и флексибилност кога станува збор давање аудио и видео услуги. Работиме со клауд провајдери од различни земји за да ги исполниме барањата на нашите корисници, соопштуваат од Зум.


Администратор
24/12/2020 21:31