Хокеарот на НХЛ лигашот Бостон бруинс, Давид Пастрнак е избран за спортист на годината во Чешка.

Десното крило на Бостон освои најмногу гласови во изборот на 214 спортски новинари во земјата.

-Никогаш не мислев дека ќе станам спортист на годината. Хокејот е тимска игра во која на поединецот му е тешко да успее сам. Очигледно оваа, по многу нешта, специфична година донесе изненадувачки избор на спортист на годината. Пандемијата ги откажа Олимписките игри, имаше помалку спортски натпреварувања од вообичаеното и сето тоа ми помогна во овој избор, изјави Пастрнак (24).

Тој е четвртиот хокеар со оваа награда во историјата на чешкиот спорт, и прв по изборот на Јаромир Јагра во 2005-та година.