Рурална коалиција и Една може ќе подарат новогодишни пакетчиња на 100 деца во пресрет на новогодишните празници. Акцијата на двете организации го свртува вниманието кон еднородителските семејства кои со големи тешкотии се соочуваат со кризната состојба. Она што е специфично за оваа акција, наведуваат здруженијата, се пакетичињата направени од овошје на домашни производители со што се промовира домашното производство на здрава храна.
-Оваа година се вртиме кон локалното, кон домашното, кон нашето производство и тоа од повеќе причини: дури 84 отсто од земjоделците почувствувале негативни последици од корона-кризата, за дел од нив приходите оваа година им се намалени дури за 60 проценти поради затворањето на пазарите, затворањето на границите, намаленото производство поради стравот за пласман, додека жените од руралните средини го имаа наjголемиот товар во текот на пандемиjата каде што освен грижата за производството и домот, се зголеми и грижата за децата, за постарите лица, се зголеми психолошкиот притисок се да се постигне на време, а на краj останаа и без планираната заработка од продажбата на своите производи, стои во соопштението од Рурална коалиција.
Оставаме, како што се додава, тешка година коjа поттикна поинакво размислување и делување.
-Зад нас е година што значеше за многу луѓе загуба на работни места, загуба на блиски личности, загуба на и она малку што го имаат. За таа цел граѓанските организации повторно се обединуваат во еден нов и поинаков потфат овоj пат за наjмалите. Доаѓа Нова година, доаѓа време на радости за секоj, а наjмногу за децата. Доаѓа време за пакечтиња. Но, како што ништо не е исто од претходната година, па така ни пакетчињата нема да бидат. Рурална Коалициjа и Една може! стапуваат во акциjа за промоциjа на домашното производство на здрава храна и тоа почнуваjќи од оние на кои што тоа им е наjпотребно, односно еднородителските семеjства кои што тешко излегуваат на краj со кризата. Да го свртиме вниманието кон домашното производство, кон здравата храна, но и кон оние на кои што тоа им е наjпотребно. Ова нека биде една поинаква нова година за сите за поздрави дечиња, за вредни земjоделци, за родители кои што им го посакуваат наjдоброто на своите деца, а не секогаш може да им го обезбедат, наведува Рурална коалиција.