Трета година по ред, во овој период од годината, се пошумува во Кавадарци, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за медиумите.

Тој појасни дека овојпат се садат десет илјади садници ,,чемпрес" во месноста ,,Журов дол", во соработка со јавното претпријатие ,,Национални шуми" и кавадаречката подружница ,,Бор".

-Станува збор за ерозивно подрачје па се договоривме пошумувањето да продолжи и во иднина. Следната година ќе се издвојат поголеми финансиски средства за пошумување од општинскиот буџет. Во акцијата се вклучи и бизнис секторот, се со цел пошумување на подрачјето од 40 хектари, нагласи Јанчев.

Задоволство од соработката изрази и Маре Басова, помошник директор во ,,Национални шуми". Таа рече дека во изминатите три години во Кавадарци се посадени околу 40 илјади садници.