Општина Дојран, за подобрување на условите за развој на туризмот, од Владата ќе добие 750.000 евра или повеќе од 45 милиони денари за подобрување на квалитетот на водата во Дојранското езеро и за обновување на пречистителната станица.
Парите се дел од средствата планирани за изградба на карго аеродром во Штип, што владата ги пренамени за осумдесетина инфраструктурни капитални проекти во земјава.
Од вкупниот износ што ќе го добие општина Дојран, 30 милиони денари ќе бидат употребени за уредување на Дојранското крајбрежје и отстранување на местата обраснати со трева и дрвја по кои езерото ќе може да се прочистува по природен пат.
Општинарите посочија дека тоа ќе создаде можност за отворање на нови плажи по езерскиот брег на потегот кон граничниот премин како и на реализација на други заштитни проекти на Дојранското езеро.
Останатите 15 милиони денари идната година општина Дојран ќе ги искористи за реконструкција на пречистителната станица.