Општинските организации на Црвен крст во Струмица и Радовиш денеска донираа новогодишни пакетчиња и пакети со хигиена на социјално ранливи категори граѓани и семејства.

Во Радовиш донацијата е на компанијата „Јован Петрол Оил”, а новогодишните пакетчиња волонтерите на Црвен крст ќе ги поделат на деца од социјално загрозени семејства од општините Радовиш и Конче.

Волонтерите, пак, на струмичкиот Црвен крст поделија 100 пакети со хигиена на семејства од Струмичкиот регион, добиени како донација од Фондот „Отворено општество Македонија”, наменети за семејства од ранлива категорија од ромската популација.

Хуманитарната помош беше поделена во соработка со организацијата „Хајат” од Струмица и нивните волонтери.