Превентивна акција во рамките на кампањата против употреба на петарди се реализираше денеска во Кавадарци, од страна на Одделот за превенција при ОВР Кавадарци.
Во кампањата се вклучија и пратеничката Даниела Колева, како и претседателот на Советот на општината, Ристо Сакалиев.
-Ни се придружија исто така и претставник од авто школа, претставници од бизнис секторот кои исто така упатија апел до граѓаните, а посебно до помладите генерации, да не се употребуваат петарди и пиротехнични средства за време на Новогодишните и Божикните празници. Поделени беа новогодишни честитки со содржина против употреба на петарди и можните последици од нив. Честитките ги изработија самите ученици, како и едукативни флаери, со законските одредби за тие, кои на јавно место пукаат со петарди или други пиротехнички средства, појасни Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Опфатено беше централното градско подрачје и плоштадот во Кавадарци. Во акцијата беа запазени сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19.