Во изолација се 14 ученици и 10 наставници поради ученик позитивен на ковид-19 во Росоман, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Во изминатите 24 часа во Тиквешкиот регион потврдени се 24 случаи со коронавирус. Во Кавадарци 15, а 3 во Росоман и 6 во Неготино. Тие се на возраст до 71 година.
Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.