Општина Валандово денеска потврди дека е изработена целосната документација за изградба на пречистителна станица со која би се решил еден од најсериозните проблеми од областа на животната средина за жителите на општината.

-Ова е само првиот чекор кон реализација на овој капитален проект за валандовчани, односно за изградба на систем за одведување и пречистување на отпадните води, кој навистина е неопходен во настојувањата да ја одржиме чиста и здрава животната средина, велат од општината и се надеваат дека штом тргнаа од место, следните фази од реализацијата на проектот ќе се интензивираат од почетокот на идната година.

За изработка на комплетната проектна документација за пречистителната станица во Валандово, општината доби грант во износ од 800.000 денари од Министерството за животна средина и просторно планирање.