Во тек е изградбата на нови училници во подрачното училиште во пехчевското село Црник. Од Oпштина Пехчево информираа дека ова е само една од активностите, кои се реализираат во насока на подобрување на воспитно-образовниот процес во училиштатата во градот.
-И покрај пандемијата и лошите услови за работа, продолжуваат градежните работи во училишните установи на територијата на oпштина Пехчево. Во моментот се работи на изградба на проширување на капацитетите во подрачното училиште во Црник. Се работи за рурална средина каде е неминовна потребата од изградба на нови училници во подрачното училиште „Ванчо Китанов“. Целта е да придонесеме за подобро одвивање на воспитно-образовниот процес помеѓу наставниот кадар и учениците, информираа од Општината.
Градежните активности за подобрување на условите во училиштатата, како што додадоа ќе продолжат и во подрачното училиште во село Робово.
-Следува целосно реновирање на кровот и целосно реновирање на училниците во училиштето во Робово. Покрај тоа во тек е поставување на нов модерен парен котел во централното основно училиште во Пехчево, додадоа од Општината.
Во рамки на подобрување на условите за учење, претходно како што додадоа во Детската градинка „8 Септември“ во Пехчево беше извршено реновирање на трепзаријата во градинката.