Позитивен е на коронавирус уште еден здравствен работник од Кавадарци, 50 новозаболени во Тиквешко се евидентирани во последните 24 часа, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Починато е и едно лице од Кавадарци на 68 годишна возраст.
Во Кавадарци има 28 нови случаи со Ковид-19, а тројца во Росоман, 15 во Неготино, четири во Демир Капија. Сите се на возраст од 5-79 години.